Насловна / Вести / Најголемата надувувана купола ги штити жителите од бучава и прашина од градилиштето (ВИДЕО)

Најголемата надувувана купола ги штити жителите од бучава и прашина од градилиштето (ВИДЕО)

Во кинескиот град Џинан е подигната гигантска купола со површина од 20.000 квадратни метри, која целосно го покрила едно од најважните градилишта во тој град. Овој бел балон се издига над локацијата на проектот Honglou 1905, за кој се очекува да биде најголемиот проект за урбана обнова во метрополата од 9,2 милиони жители.

Куполата се наоѓа во густо населена комерцијална зона, веднаш до станбени згради, училишта и црква изградена пред повеќе од еден век.

За да ја заштитат непосредната околина од штетните ефекти од градежните работи, инвеститорите – China Energy Construction Group и Licheng Urban Development Group – се одлучиле за радикално решение: затворање на целото градилиште под високотехнолошка надувувачка мембрана изработена од поливинилиден флуорид (PVDF), материјал познат по својата отпорност на топлина и УВ зрачење.

Структурата, висока 50 метри, долга 159 метри и широка 108 метри, се потпира на комбинација од армирано-бетонска база и надуена мембрана, а дпроектантите тврдат дека станува збор за најголемата надуена купола во светот. Внатрешноста не содржи носачи и столбови, што овозможува непречен премин на тешка механизација и возила.

Куполата има два пешачки влеза, две точки за излез во итни случаи и еден влез за возила, додека нејзината функционалност е повеќекратна. Според инвеститорот, мембраната е способна да блокира до 90% од прашината и да го намали нивото на градежна бучава за околу 80%, а дополнително обезбедува заштита од ветер, дожд и снег.

Покрај тоа што придонесува за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, куполата е проектирана да им обезбеди свеж воздух на работниците. Системот за контрола на климата го следи притисокот и температурата во просторот во реално време, а четири моќни вентилатори лоцирани на северната страна континуирано внесуваат свеж воздух.

По поголемите градежни зафати, планирано е да се инсталира систем за оросување со цел дополнително да се контролира концентрацијата на прашина.

Wang Luren, раководител на проектот на Honglou 1905, објасни дека материјалот PVDF штити од топлина и блокира 90% од ултравиолетовите зраци, а исто така има и В1 оценка за отпорност на пожар.

Куполата е произведена од компанијата Xide Air Dome, а инсталацијата е завршена на 14 јуни. Планирано е структурата да се отстрани по завршувањето на работите, но авторите веруваат дека овој модел би можел да стане ново решение за градилиштата во урбаните средини – еден вид „тивок режим“ на градба.

Испрати коментар

Scroll To Top