Насловна / Вести / Најголемата депонија на светот се претвора во парк

Најголемата депонија на светот се претвора во парк

 

deponija vo zelenilo

Некогаш најголемото складиште на отпад во светот, полека но сигурно станува најголем парк во Њујорк кој ќе се простира на скоро девет квадратни километри. Од вкупната површина на новиот парк, дури 45% ќе се простираат на местото на поранешната депонија. Процесот на санација на депонијата ќе трае неколку години, а веќе сега некои подрачја се преуредени и ги чекаат рекреативците. Над бреговите од смет се создаваат терени за фудбал, планински велосипедизам и други активности. Засадена е и автохтона вегетација. Локацијата на паркот е место и за тестирање на обновливите извори на енергија како сонцето и ветерот.

deponija vo zelenilo freshkills park
Поради големата токсичност на отпадот, ќе бидат потребни најмалку 30 години санирање и следење на состојбата, со цел местото да се доведе во нормала. Но, и покрај овој факт,е инспирација која докажува како човекот може да ги санира своите негативни влијанија врз околината.

Испрати коментар

Scroll To Top