Насловна / Вести / Најголем и најмодерен фитнес и спа центар во Македонија

Најголем и најмодерен фитнес и спа центар во Македонија

spa centar

Скопје доби комплетно нов современ простор – Synergy Fitness & Spa – каде што физичката активност и релаксацијата ќе се практикуваат според последните светски трендови. Центарот е лоциран во населбата Аеродром, на простор од над 2.000 квадратни метри и располага со најголемата фитнес сала во Македонија, која е целосно опремена со најсовремената опрема за вежбање од светски познатиот бренд „Technogym“.spa centar (3)

„Концептот на Synergy Fitness & Spa центарот е многу едноставен – нудиме комплетно нов начин на сфаќање на физичката активност, релаксацијата и на уживањето во Скопје. Целта ни е да им помогнеме на граѓаните да започнат да водат поздрав и поактивен стил на живеење. Затоа им обезбедивме најсовремено опремен простор кој е во потполност приспособен на модерниот начин на живот – по опрема, климатизација и функционалност. За првпат во Македонија веќе може да се вежба во фитнес-сала со комплетна Technogym опрема“,  изјави Никола Боглев, oперативен менаџер на Sinergy Fitnees & Spa центарот.spa centar (4)

Освен со најсовремена фитнес-сала, центарот располага и со уште две дополнителни сали за групни активности – од класичен фитнес, па сè до часови по зумба, спининг, аеробик, јога, степ-аеробик, пилатес, ориентални танци, боди-баланс, пилатес за трудници, како и активности за деца.spa centar (2)

Спа-зоната е посебен сегмент наменет за опуштење по напорниот работен ден и нуди најразлични релакс третмани, од сауни и парни бањи до релаксирачи и терапевтски масажи. Дополнително, комплексот располага со најсовремено опремена кафетерија, игротека, продавница за спортска опрема и аксесоари, а има и непосреден пристап до катна гаража.

spa centar (5)

2 коментари

  1. Добро се имаат занесено со цените

  2. Ova ne e prilagodeno na makedonskiot standard na zivot, ova ke mozat da si go dozvolat mal broj na lugje. Preskapo e.

Испрати коментар

Scroll To Top