Насловна / Вести / Најбогатите американски компании енергично против климатските промени

Најбогатите американски компании енергично против климатските промени

Alcoa GreenFair-Logo

Тринаесет најголеми и најбогати американски компании ја посетија Белата куќа со цел да се обврзат пред претседателот на САД, дека во наредните години ќе инвестираат 140 милијарди долари во нискојаглеродни инвестиции, односно дека во енергетскиот микс ќе додадат обновливи извори со инсталиран капацитет над 1.600 MW. Меѓу овие компании се:  Alcoa, Berkshire Hathaway Energy и General Electric, Google, Microsoft, Coca Cola и други, кои само во минатата година имале приход од над 1,3 трилиони УСД, а на пазарот вредат околу 2,5 трилиони УСД. Напоредно со инвестициските обврски, компаниите имаат и сопствени специфични таргети за намалување на емисиите од 50%, намалување на потрошувачката на вода з а15%, купување на 100% енергија од обновливи извори, како и нулта дефорестација во синџирите за снабдување.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top