Насловна / Вести / Награди за најуспешните ученици во проектот „Рециклирање – КАЖИ ДА!“

Награди за најуспешните ученици во проектот „Рециклирање – КАЖИ ДА!“

otpad

Пакомак и Шпаркасе Банка Македонија денеска ќе наградат 18 ученици од скопските основни училишта кои донесоа најголем број на пластични шишиња во текот на оваа учебна година во рамките на проектот „Рециклирање – КАЖИ ДА!“.
Овој проек за собирање и рециклирање на пластична амбалажа и стара хартија има за цел подигнување на нивото на хигиената во училиштата и еколошка едукација на децата за потребата и придобивките од собирањето отпад и неговото рециклирање. Проектот веќе втора година по ред дава успешни резултати.
Вкупно 31.700 ученици од 54 основни училишта во скопските општини Карпош, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров оваа учебна година собраа повеќе од 40 тони пластичен отпад или повеќе од 1,5 милиони шишиња.

Испрати коментар

Scroll To Top