Насловна / Архитектура / Награден објект – куќа во Скопје на улица „Дрезденска“

Награден објект – куќа во Скопје на улица „Дрезденска“

Проектантско биро: „Ателје Ајвар“

Автори: Миодраг Радоњиќ – Бато, д.и.а., Ранчо Христов д.и.а., Ана Радоњиќ д.и.а., Дамјан Христов д.и.а.

Инвеститор: Приватен

Година на проектирање: 2017

Година на изведба: 2018-2019

Површина на локација: 367 м2

Вкупна бруто изградена површина: 445 м2

Комплетно водење на изведбата – Инженеринг: „Радоњиќ архитекти“ - Миодраг Радоњиќ – Бато, Ана Радоњиќ

A6_resize

Проектирањето на куќата во скопската населба Тафталиџе, која претставува современ семеен дом е започнато во 2017 година, согласно урбанистичките параметри, кои дозволуваат и поголема височина на објектот, но согласно програмските барања на клиентот куќата е на две нивоа, приземје и кат, со современ естетски израз.

A1_resize

Објектот со влезот во паркинг просторот и влезот за домување, ориентиран е кон улицата „Дрезденска“.  Од улицата преку предвидениот колски пристап се влегува на паркинг просторот на ниво +/- 0.00, каде на партер е предвидено паркирање за две возила.

A5_resize

Објектот е проектиран како семејна куќа со два стана кои претставуваат посебни функционални целини со заеднички подрумски простор и скалишно јадро. Во подрумот, на ниво -2.30, предвидени се подрумски остави, помошни, технички простории и простори за хоби активности. Од подрумот овозможена е директна врска со приземјето преку скалишниот простор, кој ги поврзува сите нивоа од подрумот до катот. Секое ниво е третирано како посебен апартман. Приземјето е наменето за родителите, а катот е проектиран за нивните деца.

A2_resize

Приземјето е организирано на две полунивоа, на ниво +0.54 сместени се заедничките прсотори, скалишниот простор, влезниот хол, тоалет, кујна со трпезарија и дневен престој. Педесетина сантиметри повисоко, на ниво +1.08, предвиден е интимниот дел, две детски спални соби, една бања и родителска спална соба со сопствен гардеробер и уште една бања наменета само за оваа соба. Приземјето е со директен пристап кон дворот кој ја опкрижува куќата.

Model Model

Катот на ново +3.81 е организиран на сличен начин како приземјето. Содржи влезен хол, кујна со трпезарија, дневен престој, одвоен интимен дел, ист како тој на приземјето со две детски соби, бања и родителска спална соба со соптвена бања и гардеробер. Разликата е во организацијата на дневниот дел која произлегува од идејата за пространа тераса која треба да го замени дворот кој го има приземниот апартман. Терасата е со југоисточна ориентација, дел е покриена, а дел отворена и озеленета и се протегаат одлични погледи кон планината Водно.

A10_resize

Објектот и неговите содржини решени се соодветно сите стандарди и нормативи, со сите потребни придружни функции, со современи материјали и опрема и како такви овозможуваат висок стандард и современ начин на живеење.

A7_resize

Конструктивниот систем се состои од армирано-бетонски скелетен систем од столбови комбиниран со армирано – бетонски платна и меѓукатна конструкција од армирано – бетонски плочи. Покривот е решен со армирано – бетонска рамна плоча преку која на дрвена подконструкција е поставен кров од поцинкуван лим. Целиот објект е термички изолиран, вклучувајќи ги темелите, сите нивоа и кровот, што придонесува за енергетско ефикасни услови.

A8_resize

Архитектонското обликувања е постигнато главно со првостепена пластика, рамни фасадни површини со осмислена динамика на отворите и масите, која е надополнета со детали од челик во боја и дрвени елементи. Притоа добиена е композиција со јасна и прецизна поделба на полните ѕидни маси, еркерите и вовлекувањата, кои се произлезени и се резултат на функцијата која ја следи формата.

B1_resize

Особена сметка е водена за деталите и нивната соодветна апликација и примена во просторот. Целовитоста на обликувањето постигната е со примена на висококвалитетни материјали за фасадна обработка, кои се соодветно колоритно обработени и укомпонирани.

Куќата е добитник на наградата BIG SEE ARCHITECTURE AWARDS 2020 од Словенија во  категоријата станбена архитектура.

S2_resize S1_resize B2_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top