Насловна / Вести / Во Зимбабве пронајдени 12 мртви слонови, се сомнева на бактерија

Во Зимбабве пронајдени 12 мртви слонови, се сомнева на бактерија

Во Зимбабве пронајдени се уште 12 мртви слонови, со што вкупниот број на мртви животни пронајдени за еден месец се искачи на 34, а кои, како што изгледа, умреле од последици на иста бактерија, соопштија властите оваа земја.

1_resize

„Пронајдени се вкупно 34 леша …“, изјави директорот на Управата за паркови и фауна Фултон Упенју Мангвања.

Животните угинале помеѓу 24. август и 23. септември во близина на паркот Хванге, најголемиот резерват на Зимбабве, кој се наоѓа на границата со Боцвана.

3_resize

Пронајдени се како лежат на стомак, што укажува на ненадејна смрт, рече Мангвања.

Тестовите спроведени во Зимбабве укажуваат на бактериска инфекција.

Чуварите првично се сомневале дека ги отруле ловокрадци, но тоа е отфрлено, затоа што слоновите биле пронајдени со бивни.

4_resize

Дополнителни анализи ќе бидат направени во Јужна Африка, но исто така и во Велика Британија и САД.

Зимбабве има вишок популација на слонови, со повеќе од 84.000 единки, за еколошки капацитет проценет помеѓу 45.000 и 50.000.

2_resize

Во резерватот Хванге, кој има помеѓу 45.000 и 53.000 слонови на околу 14.600 квадратни километри, еден број последниве години починал од глад и жед.

Во соседна Боцвана има 130.000 слонови во слобода, што е најголема популација на светот. Мистериозната смрт на повеќе од 300 слонови во Боцвана оваа година се припишува на природни токсини.

8_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top