Насловна / Вести / На ЗОИ 2018, со горивни ќелии и без возач

На ЗОИ 2018, со горивни ќелии и без возач

Три автомобили на корејскиот производител „Хјундаи“, за прв пат успеале автономно да возат по јавните сообраќајници  од главниот град Сеул до 190km оддалечениот Пјончанг, во кој се одржуваат Зимските Олимписки игри 2018. Автомобилите се опремени со горивни ќелии NEXO, како и со систем за автономно возење  Genesis G80 и мрежен комуникациски систем 5G.  Досега „Хјундаи“ го презентираше својот систем за автономно возење само на тест патеките и на одредени јавни сообраќајници под посебни ограничувања. Сега за прв пат,  овие автомобили се излезени на „вистинско“ патување и тоа користејќи ја дозволената брзина од 110 km/h.
Патувањето започнало на  2.2.2018, со тоа што во секој автомобил биле активирани копчињата  ‘Cruise’ и ‘Set’ , по што возилата го започнале сами своето возење, во согласност со реалните барања на патот, односно со менување на брзини и возни ленти, како и со користење на безжичниот систем на наплата на патарината.  Новата генерација горивни ќелии  NEXO  им овозможува на возилата на „Хјундаи“ автономија од 800km  со едно полнење, а за повторно полнење на батериите потребни се само 5 минути.  „Хјундаи“ планира од следниот месец да ги пушти во продажба првите возила со вакви горивни ќелии. Што се однесува до системот за автономно возење, компанијата планира негова комерцијализација до 2030 година.
Hyundai 3
Hyundai EV2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top