Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / На Универзитетот ЈИЕ топлинската енергија ќе се добива од биомаса

На Универзитетот ЈИЕ топлинската енергија ќе се добива од биомаса

jieУниверзитетот на ЈИЕ од Тетово од употреба го исфрли мазутот, а наместо него, за добивање топлинска енергија ќе се користи биомаса, односно пелети, со што значително ќе се придонесе за намалување на емисијата на стакленички гасови.

„Ја поздравуваме одлуката на Универзитетот за Југоисточна Европа во Тетово да ја промовира употребата на обновливите извори на енергија, со кое и практично се реализира една од акциите на Планот за ниско-емисионен кампус што се очекува да придонесе, макар и симболично, за ублажување на климатските промени, за што се потребни еколошки иновативни пристапи и технологии“, рече министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири на свеченоста по повод одбележувањето на 13-годишнината од формирањето на Универзитетот и пуштањето во употреба на постројката за добивање на енергија од биомаса.

Испрати коментар

Scroll To Top