Насловна / Вести / На северот на Чиле, светлосното загадување пречка за опсерваториите

На северот на Чиле, светлосното загадување пречка за опсерваториите

На северот на Чиле, подрачје за кое се смета дека е рај за астрономите, му с езаканува вагадување од вештачко осветлување, поради се поголемата употреба на светилки за буквално секакви намени. Пустината Атакама, на оддалеченост од околу 1.200 километри од главниот град, овозможува идеални услови за астрономите, бидејќи небото е ведро поголем дел од годината, и на тоа место во 2020 година ќе биде поставен најголемиот телескоп на светот, со што Чиле на своето тло ќе има 70% од целокупната светска астрономска инфраструктура.  Меѓутоа растечката потреба за ЛЕД осветлување, може да ја загрози работата на опсерваториите во регионот. Во неодамна објавеното истражување во часописот Science Advances, се наведува дека планетата Земја се повеќе е изложена на вештачко светло, а тој феномен е интензивиран со употребата на новите технологии како што се ЛЕД светилките.  Осветлувањето на планетата е зголемено во квантитет и интензитет за околу 2% годишно, од 2012 до 2016 година, се наведува во таа научна студија. Шефот на канцеларијата задолжена за квалитетот на небото на северот на Чиле, изјавил за AFP дека вештачкото осветлување за 30% го загрозило набљудувањето на небото во последните десет години. Според неговите зборови, за набљудување на небото ноќе, на стручњаците им е потребна потполна темнина, со цел телескопите да работат со своите најдобри перформанси.

Chile 2

Chile 3

Испрати коментар

Scroll To Top