Насловна / Вести / На Новаци пак му се заканува поплавување

На Новаци пак му се заканува поплавување

novaci poplavi

Од утрово во пелагонискиот регион пак врне пороен дожд. На селата од општината Новаци пак им се заканува поплавување. Жителите на општината, заедно со армијата и припадниците на спасувачките екипи цела ноќ ги зајакнуваа веќе поставените насипи за Црна Река да не го поплави целото село Новаци.

Наредните 24 часа се клучни во борбата со поплавите пред се во Пелагонија, како и во кочанскиот и гевгелискиот крај. Прогнозите се дека ќе наврнат нови триесетина литри дожд на квадратен метар, но и нов снег на планините кој допрва ќе треба да се истопи.

Утрово беше одложено санирањето на патот Битола-Новаци, кој намерно беше откорнат за да се направи проток на водите на Црна да не одат кон селото Новаци туку кон полето. Од општината велат дека поправката на патот мора да се направи во најскоро време, бидејќи тоа е неопходно за жителите на околните села, како и за вработените на РЕК- Битола.

Дождот ги зголемува проблемите и во Логоварди. Жителите од ова село се борат со водата која им поплави и куќи и дворови и ниви.

Испрати коментар

Scroll To Top