Насловна / Архитектура / Рома ќе го гради стадионот „Колосеум“

Рома ќе го гради стадионот „Колосеум“

Roma stadium

Претседателот на италијанскиот фудбалски клуб Рома, Џејмс Палота, денеска најави дека новиот стадион на клубот, инспириран по прочуениот „Колосеум“ ќе почне да се гради до крајот на годината.

– Се надевам дека на есен ќе почнеме со градба на стадионот, – рече американскиот бизнисмен.

roma stadium

Кога Рома минатата година на градските челници им го претстави моделот на стадионот со капацитет од 52.500 седишта, планирано беше проектот да се заврши до почетокот на сезоната 2016/17. Палота изјави дека би сакал на новиот стадион да се играат и НФЛ натпревари.

Испрати коментар

Scroll To Top