Насловна / Архитектура / На Балтикот се гради огромен облакодер

На Балтикот се гради огромен облакодер

Германското стручно списание CCI.Zeitung објави дека до крајот на 2018 година во Санкт Петерсбург, на самиот брег на Балтичкото Море, ќе биде завршена изградбата на облакодер кој ќе сруши многу рекорди, и тоа не само во Русија туку и пошироко. Се работи за „Лахта центр“ кој со своите 462 метри ќе ја надмине за речиси 100 метри во височина Зградата на Федераијата во Москва (374 метри). Вредноста на проектот е 1,8 милијарди евра, а инвеститорот е рускиот гигант „Газпром“. Зградата ќе има 87 ката, ќе биде со мешовита намена и со вкупна површина од  400 000 m2 . Енергијата за ладење ќе се обезбедува од апсорпциони ладилни постројки, додека системот за вентилација ќе биде со хибридна изведба (комбинација на природна и механичка вентилација). Се разбира во објектот ќе бидат применети најсовремени системи за автоматизација и се очекува наскоро да добие златна категорија во американската сертификација за енергетска ефикасност на згради LEED.

Lahta

Lahta 1

Lahta 2

Испрати коментар

Scroll To Top