Насловна / Архитектура / Куќа во која сопружниците секогаш имаат поглед еден кон друг

Куќа во која сопружниците секогаш имаат поглед еден кон друг

Брачна двојка имала желба во нивната нова куќа да имаат поглед еден на друг во кој било дел од објектот да се наоѓаат. Оваа задача им припаднала на архитектите од бирото Formative Architects од Сеул, на кои ова барање на почетокот им се чинело невообичаено. Меѓутоа, како што подобро ги запознавале, сфатиле дека со текот на годините, парот се навикнал да поминува време заедно и дека уживаат во сите заеднички активности. Тогаш сфатиле и дека клиентите сакаат просторната структура да ја рефлектира нивната животна шема.

2_resize

15_resize

Walden House во Јужна Кореја со површина од 131 квадратни метри е планирана како структура на континуиран простор, без остри агли и со двор ограден од околината, но отворен за прилив на големи количини на сончева светлина, пишува ArchDaily.

3_resize 4_resize

Органската структура на дворот, а потоа и внатрешноста на куќата, е дополнително нагласена со фактот дека куќата нема конвенционално организирана соба.

Сите простори на приземјето имаат органска форма и се целосно отворени кон дворот, така што дворот станува проширување на внатрешноста на куќата и дневната светлина непречено циркулира од отворениот кон затворениот простор.

6_resize

Сепак, стреата испуштена од 1,2 до 2 метри, спречува директно продирање на јакото летно сонце во куќата. Исто така, продолжените стреи овозможуваат пријатна атмосфера во куќата за време на дождливите денови кога дождовницата се слева по работ на стреата.

9_resize

Додека речиси целиот простор за живеење е организиран на приземјето, на катот е сместена  само спалната соба. Нејзината издигната позиција овозможува поинаков поглед на дворот во споредба со остатокот од куќата, но и можност за поглед на пошироката околина.

7_resize

Конструкцијата на катот целосно е изведена во форма на двоводен кров, така што брачна двојка за време на престојот во собата може да има впечаток дека се наоѓа во удобен камп.

17_resize

Од катот, преку скриена врата во спалната соба, можете да се излезе на кровната тераса, која е наменета за уживање во погледот на пејзажот, но и за сушење на зачински билки и зеленчук.

1_resize

Ориентацијата на куќата е поставена во согласност со приливот на сончева светлина во текот на денот, а со можност големите стаклени површини да останат отворени, а задржана приватноста. Дворот е опкружен со висок ѕид направен во комбинација со елементи од бамбусово дрво. Елементите од бамбус може да се лизгаат по потреба, така што куќата ќе се отвори кон својата околина, но и кон партнерот кога оди во продавница.

8_resize

10_resize

11_resize 5_resize 14_resize 12_resize 13_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top