Насловна / Архитектура / MVRDV доби дозвола за рeконструкција на блокот Montparnasse

MVRDV доби дозвола за рeконструкција на блокот Montparnasse

Архитектонското студио MVRDV доби дозвола од градот Париз за реконструкција на блокот Montparnasse кој е изграден во 1970 година. Првичниот план е проектиран од францускиот архитект Pierre Dufau и претставува еден од најобемните урбани планови имплементирани во Париз во тој период. Тој се карактеризира со една огромна хоризонтална „плоча“, прекината со вертикалноста на 30-катниот хотел. Урбаниот блок претставувал обележје на периодот кога е изграден, меѓутоа не успеал да се адаптира на промените и потребите на урбаното општество, што резултирало со негова трансформација во интровертен блок со недостаток на урбана конекција, и го занемарува целосно чувството за припадност и идентитет.

мврдв-1

Новиот план има за цел да ја подобри програмата и пристапноста на блокот. Како дел од реконструкцијата се планира постоечката библиотека, хотелот и административниот оддел да се прошират и да се додадат нови програми, како што се детска градинка, конференциски центар и социјални станови.

Старата фасада се заменува со нова, чиј концепт е „збир од кутии“ кои се вметнуваат во постоечката структурална рамка и кои меѓусебно се разликуваат по димензија, боја, програма и материјал.

мврдв-2

Базирајќи се на постоечката структурална мрежа, најголем дел од овие волумени откриваат голем дел од програмата, како што се барови, ресторани, библиотека, градини и работни простори. Воедно, нивната густина соодветсвува на архитектонскиот јазик на оригиналниот дизајн на блокот.

Новиот дизајн на урбаниот блок создава каталог на фасадни елементи кои се флексибилни кон промена во времето што доаѓа.

мврдв-3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top