Насловна / Вести / Музејските стручни лица го одбележуваат Меѓународниот ден на музеите

Музејските стручни лица го одбележуваат Меѓународниот ден на музеите

ikom veles

Денес, во Велес во рамките на програмата за одбележување на 18 Мај – Меѓународен ден на музеите, Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) организира советување на тема „Музеите за одржливо општество“.

Во партнерство со Здружението „Син штит“ и Општина Велес, а со логистичка и финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, во програмата ќе биде вклучен и Форум на МНК „Син штит“ на тема „Локалната самоуправа и заштитата на културните и природните добра во катастрофи предизвикани од човекот и природата“. Локацијата на која ќе биде одржано советувањето е Ликовниот салон при ЛУ Народен музеј Велес.

Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) е доброволно, непартиско, невладино, непрофитно и стручно здружение на музејските работници и на граѓаните на Република Македонија. Во него членуваат музејски стручни лица (вкупно 112) и музеите, а програмите се финансиски поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top