Насловна / Архитектура / Музеј посветен на рози

Музеј посветен на рози

Цврста и нежна во исто време, челична конструкција ја обвиткува внатрешноста на првиот музеј во светот посветен исклучиво на еден единствен цвет – роза.

Архитектонската фирма NEXT architects е автор на проектот кој победи на меѓународниот натпревар одржан во 2014 година.

Музејот е завршен две години подоцна, а неговото отворање се совпаѓа со Светската конвенција за рози, така што овој традиционален настан оваа година ќе се одржи во новиот храм посветен на најубавиот цвет.музеј на рози (3)

Во парк на површина од 100 хектари, повеќе од триесет земји учеснички ќе презентираат 2.000 видови рози, кои имаат долга историја во кинеската култура и тоа уште од 11 век пред нашата ера.

Фасадата на објектот архитектите ја дизајнирале како долга мембрана од 300 метри, која е направена од челик со отвори во форма на кинески рози, пишува Designboom.музеј на рози (6)

Отвори во форма на рози се играат со светлина и сенки, што го прават објектот динамичен. Ноќе, светлината од внатрешноста сјае низ отворите, што е карактеристичен дизајнерски момент за кинеската архитектура.музеј на рози (5)

Мембраната околу зградата формира четири полуотворени дворови сместени помеѓу фасадата и главниот објект.музеј на рози (4) музеј на рози (2) музеј на рози (1)

Испрати коментар

Scroll To Top