Насловна / Арт и дизајн / Мурал направен од челик и живи растенија

Мурал направен од челик и живи растенија

Уметничко дело во фоајето на холандски факултет изработено е на многу необичен начин.

Американскиот скулптор Франк Плант, неодамна го заврши својот проект Grow, кој е всушност мурал на ѕидот на Универзитетот во Вагенинген, направен од челик и растенија.mural-6

Како основа, Плант користи фотографија на група студенти во една лежерна ситуација.

Уметничкото дело е направено од челик покриен со ситни текстилни влакна кои имитираат зеленило, додека девет од четиринаесетте глави на студентите се претставени со помош на вистински растенија, пишува Contemporist.mural-5

Користењето на растенија, текстил, мов, освен што му дава на овој необичен мурал природен изглед, исто така, го симболизира правецот на факултетот, на кој се изчучува агрокултурата.mural-3

Користените материјали и името на уметничкото дело Grow го симболизираат како колективниот така и индивидуалниот раст на поединецот, како крајна цел на универзитетот.mural-2 mural-1

Испрати коментар

Scroll To Top