Насловна / Архитектура / Мултифункционален објект кој ја победи економската криза во Шпанија

Мултифункционален објект кој ја победи економската криза во Шпанија

По осум години градење, аудиториумот на шпанскиот град Луцена конечно е отворен за јавноста.

Гигантската настрешница е главното обележје на Градскиот аудиториум, кој полека станува главното место за перформанси и изложби во градот Луцена во провинцијата Кордоба.луцена настртешница_9

Архитектите од архитектонската фирма MX_SI Architects од Барселона, која го потпишува проектот на овој простор, истакнуваат дека нивната примарна цел била да се создаде серија на отворени и затворени функционални простори, кои нема да служат само за одржување на настани, но, исто така, ќе овозможат на врска на Луцена со реката.

Изградбата на објектот почнала во 2008 година, непосредно пред почетокот на економската криза, која длабоко ја погоди Шпанија.луцена настртешница_1

Таквите околности доведоа до намалување на првично планираниот буџет, пишува Dezeen. Затоа, архитектите биле принудени процесот на изградба да го раздвојат во две фази.луцена настртешница_2

Во првата фаза било планирано да се изгради четирикатна конструкција, но сепак останал на две нивоа. Завршен е просторот на главната бина, соблекувалните и просторите за складирање. Во текот на втората фаза, која допрва треба да дојде, Municipal Auditorium ќе добие конференциска сала, галерија и амфитеатар.луцена настртешница_3

Со отворањето на широките врати, внатрешноста на објектот може да биде поврзана со зоната под настрешница и на тој начин се создава функционален простор за настапи на отворено.луцена настртешница_4

Настрешницата е направена од челична конструкција обоена во црвена боја која ја покриваат  брановидни ленти од алуминиум.луцена настртешница_5

Комбинацијата од натур бетон, алуминиум и стакло, му даде на објектот монументален изглед.луцена настртешница_6

Минимално сведениот ентериер во павилјоните ќе им дава предимство и акцент на изложбените поставки, додека аудиториумот изгледа токму спротивно – топло и пријатно.луцена настртешница_7 луцена настртешница_8 луцена настртешница_9

Испрати коментар

Scroll To Top