Насловна / Вести / Мозаик стар 2.400 години порачува да уживате во животот

Мозаик стар 2.400 години порачува да уживате во животот

Неодамна откриениот мозаик стар 2.400 години во Турција има многу интересна порака за животот. Мозаикот се наоѓа во јужната провинција Хатај и покажува скелет кој лежи. Покрај него е вино, а држи чинија за храна во неговата рака.

И сосема е уникатен, велат турските археолози.мозаик

Мозаикот датира од третиот век пр.н.е., а бил откриен сосема случајно.

Археологот Кара Демет од локалниот музеј вели дека мозаикот е дел од грчко-римскиот град Антиохија. Во прилог на сликата со скелетот има и единствена порака. Таа вели: „Биди среќен, уживај во својот живот“.

Мозаикот се наоѓал во приватна куќа и тоа во трпезарија на семејство од повисоките општествени класи.

Демет вели дека уште еден сличен мозаик се наоѓа во Италија, но дека овој има сосема јасна порака.

Испрати коментар

Scroll To Top