Насловна / Арт и дизајн / Мозаик #2177 во чест на рекордот на Новак Ѓоковиќ (видео)

Мозаик #2177 во чест на рекордот на Новак Ѓоковиќ (видео)

Голем мозаик од тениски топчиња со ликот на Новак Ѓоковиќ прв од ваков вид во светот, вчера се појави на платото на Тенискиот центар Новак на Дорќол во Белград. Инсталацијата е широка 2,7 метри и висока 3,8 метри, а површината од 10 квадратни метри е исполнета со 2177 тениски топчиња. Причината за делото наречено #2177, создадено од архитектот и уличен уметник Андреј Јосифовски – Пијанист, беше рекордот на српскиот тенисер, кој во понеделникот ја започна 311. недела на врвот на АТП-листата.

2

Работата на портретот од топчиња траеше три дена, од четврток до сабота на недела, кога последното топче во мозаикот беше поставено нешто по три часот наутро. Цело време се внимавало на деталите на внимателно осмислениот дизајн, бидејќи секое топче има специфична шара, боја и место во инсталацијата, а работата е целосно завршена на 8. март, денот кога тенисерот Ѓоковиќ  уште еднаш влезе во историја на белиот спорт.

1

„Топчињата се прицврстени во жичана мрежа, што ги симболизира неуспешните обиди Новак да биде симнат од тенискиот трон. Сепак, тоа не се случи поради неизнудените грешки на неговите ривали, туку затоа што тој е едноставно подобар од сите во многу тениски вештини. Дури и меѓу тениските експерти, нема дилема дека неговите ритерни и дворачен бекенд се најдобри на светот и дека неговото движење и покривање на теренот е вонземско“, изјави Јосифовски.

3

Ликот на Новак е изведен со единствена уметничка инсталација, бидејќи, како што вели уметникот, тој е уникатен во светот и по своите човечки карактеристики.

„Неговата постојана помош на сиромашните деца, големите донации за образование, предучилишни програми, здравството, борба за зголемување на заработката на послабо рангираните играчи на АТП турот, грижата за колегите и иднината на спортот … го прават вистински херој“, додава уметникот.

За да стигне овој проект од идеја до реализација, помогнал цел тим на луѓе, почнувајќи од Јелена Ѓоковиќ која организираше сè што му беше потребно за работа на авторот, преку Фондацијата Новак Ѓоковиќ, Soultime медија тимот, Тенискиот центар Новак и сите други кои учествуваа.

10

Сè беше полесно кога Новак се приклучи на праваењето на инсталацијата со врзани очи. Пијанистот и Ноле го вкрстија спрејот и рекетот на тенискиот терен.

Испрати коментар

Scroll To Top