Насловна / Вести / Извонредна фотографија на ласица на грбот на клукајдрвец

Извонредна фотографија на ласица на грбот на клукајдрвец

Аматерскиот фотограф Мартин Ли-Меј, од Есекс, забележал извонредната фотографија на ласица како јава на грбот на зелен клукајдрвец додека лета низ воздухот.

Фотографијата е снимена во паркот Hornchurch Country во источен Лондон минатата недела.

Говорејќи за BBC News, Ли-Меј рекол дека успеал да го овековечи моментот додека се шетал со сопругата Ен.

лас_resize

Тој ризјавил: „Слушнав вознемирувачки звук и се плашев од најлошото. Набрзо сфатив дека станува збор за клукајдрвец со некаков мал цицач на грбот“.

„Мислам дека можеби и го одвлековме вниманието на ласицата, бидејќи кога клукајдрвецот слета, успеа да избега, а ласицата втрча во тревата“.

Снимката е ретвитувана неколку илјади пати.

Експертот за диви животни, Луси Кук, изјави за BBC News: „Ова е навистина извонредна фотографија. Зелениот клукајдрвец е птица што се храни со земја, но ласиците обично напаѓаат зајаци. Клукајдрвецот не е нивни вообичаен плен“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top