Насловна / Градежништво / Мост кој води во живописна шума

Мост кој води во живописна шума

pesacki most lozana (5)

Новиот бетонски пешачки мост во швајцарскиот град Лозана, директно ги поврзува метро станицата и живописната шума Sauvabelin.pesacki most lozana (3)

Дизајниран од страна на локалната фирма 2b Architectes, мостот за пешаци La Sallaz минува преку главниот влез во градот во североисточниот дел, спојувајќи ја новата метро станица Sallaz и источниот влез во шумата со површина од 80 хектари.pesacki most lozana (2)

Мостот од една страна се потпира на зелениот рид, а од другата страна го носат два пара коси столбови.pesacki most lozana (4)

Поради разликите во функцијата и изгледот на двата дела што мостот го поврзуваат, самиот дизајн на мостот има „двоен“ изглед.pesacki most lozana

Долната страна од мостот е изградена во бетон и така јасно го претставува новиот влез во градот. Горниот дел, односно делот по којшто се оди, како и внатрешноста на бочните страни, се обложени со дрво и на тој начин суптилно и симболично се влегува во шумата.

Испрати коментар

Scroll To Top