Насловна / Градежништво / Москва и Техеран се договорија за изградба на две нови нуклеарни електроцентрали во Иран

Москва и Техеран се договорија за изградба на две нови нуклеарни електроцентрали во Иран

bushehr
Москва и Техеран се договорија да изградат две нови нуклеарни електроцентрали во Иран, соопштија денеска француските медиуми.

– Двете страни склучија првична спогодба за изградба на најмалку две нови атомски електроцентрали во Бушер, – соопшти денеска порпаролот на иранската организација за атомска енергија Бехруз Камалванди.

Русија веќе ја заврши изградбата на првата централа со моќност од 1.000 мегавати во Бушер, на крајбрежјето на Заливот, која официјално им беше предадена на Иранците во септември 2013 година, потсетуваат француските медиуми.

Испрати коментар

Scroll To Top