Насловна / Вести / Московски урбанистички форум – 2013

Московски урбанистички форум – 2013

6
Од 5 до 7 декември во Москва ќе се одржи традиционалниот Московски урбанистички форум. Станува збор за редовна годишна конференција во областа на градежништвото, урбанизмот и други сродни дисциплини, која се одржува под патронат на градската влада. Главна тема на Форумот годинава ќе биде „Мегаполиси: развој надвор од центарот“.

Московскиот урбанистички форум е место за размена на искуства, каде раководители на најголемите градови во светот заедно со претставниците на меѓународната експертска заедница имаат можност да ги разгледаат темите и проектите што ги возбудуваат.

Manjez
Првиот и можеби најатрактивниот ден од форумот е посветен на животот во перифериите на многумилионските градови меѓу кои се Лондон, Париз, Мадрид, Москва, Берлин, Рио де Жанеиро, Сао-Паоло, Истанбул, Пекинг и други. Во центарот на внимание ќе бидат проблемите на идентитетот на тие градови, состојбата со екологијата, управувањето со агломерациите, инвестиционата привлечност и искуството од надминување на кризни ситуации. Посебен акцент е ставен на мегаполисите од земјите на БРИКС, што ги чека тие градови заедно и секој посебно – што е прашање на една од сесиите под името „Од Москва до Сао Паоло, сличности, разлики и иднината на метрополите на брзо растечките земји“.

Испрати коментар

Scroll To Top