Насловна / Екологија / Морското дно крие опасен отпад

Морското дно крие опасен отпад

UGA_unexploded_munitions_202172009
Милиони тони бојни отрови и бомби во процес на разградување кој трае со децении, лежат на дното на морињата ширум светот. Во последните 40 години, над 100 туристи се здобиле со сериозни опекотини предизвикани од навидум бели камчиња кои ги собирале покрај морскиот брег, а кои всушност биле остатоци од овој отпад, односно од неексплодираните бомби, и кои содржеле висока концентрација на фосфор.

Сепак, најсериозна е состојбата со Северното и Балтичкото Море каде се наоѓаат над два милиони тони експлозивна муниција, која потекнува од крајот на Втората светска војна. Но, огромна е количината и на бојни отрови, која  се проценува на неколку стотици илјади тони.  Комисијата за заштита на морето и неговата околина на Балтикот – HELCOM, чии членки се сите држави кои припаѓаат на тоа подрачје, формираше работна група од експерти.

Нивната задача е да соберат податоци за количините на различниот отпад, да ги проценат ризиците за човекот и животната средина, како и да дадат препораки за понатамошните активности.

Извор: Deutsche Welle

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top