Насловна / Арт и дизајн / Моќни слушалки со потпис на д-р Дре и брендот „Пионир“

Моќни слушалки со потпис на д-р Дре и брендот „Пионир“

slusalici pionir (2)

Љубителите на убавиот дизајн и квалитетниот звук треба да одвојат 2.600 долари, доколку сакаат да бидат сопственици на овие рачно изработени слушалки со беспрекорен звук, изработени од керамика, алуминиум и кожа, а потпишани од страна на д-р Дре и брендот „Пионир“.

Иако на пазарот може да се најде богат асортиман на разни модели со прифатлива цена, вистинските љубители на добриот звук треба да обрнат внимание на новитетот SE-Master1 од работилниците на „Пионир“, создадени во соработка со д-р Дре.

slusalici pionir (3)

Во прилог на квалитетот, во „Пионир“ особено внимавале и на дизајнот на слушалките, што се карактеризира со едноставност и елеганција.

Секој елемент од кој се состојат слушалките се направени рачно. Аудио елементите се обложени со специјален керамички слој, а за квалитетен звук и оригинален дизајн користена е врвна кожа и алуминиум. Одличните слушалки доаѓаат во комплет со кабел со златен премаз.

slusalici pionir

Испрати коментар

Scroll To Top