Насловна / Арт и дизајн / „Моја скопска приказна“ изложи 160 фотографии, најдобрите три наградени

„Моја скопска приказна“ изложи 160 фотографии, најдобрите три наградени

Во вторникот, во Музеј на современа уметност беа изложени 160 фотографии од натпреварот „Моја скопска приказна“ и најдобрите три, што на најсликовит начин преку автентични фасади ја раскажуваат приказната за Скопје, беа наградени. За најдобра скопска приказна прикажана во пет фотографии беше прогласена приказната на Оја Заде Абас која ја доби првата награда, втората награда ја доби Мартин Трајановски, третата награда Владимир Јакимовски.

DSC_0246

Од организацијата велат: „целта на проектот „Моја скопска приказна” и натпреварот беше да се направи изложба на фотографии од објекти кои ја отсликуваат автентичноста на градот. На објавениот конкурс пристигнаа вкупно 430 фотографии, а 160 беа изложени на изложбата. Фотографиите се од објекти, од автентични фасади, кои вистински го дефинираат идентитетот на старата скопска архитектура. Изборот на најдобрите фотографии беше направен од жири комисијата во состав Румен Ќамилов, Георги Константиновски, Данило Коцевски, Мартин Ивановски и Бојан Стоилковски“.

DSC_0243

Проектот беше спроведен и организиран од Стримон филм и е дел од програмата на Делегацијата на Европска Унија, Европска година на културно наследство, 2018. На изложбата и прогласувањето на победниците, свое обраќање имаа Ивана Шекуткоска, организатор на настанот, амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европска Унија и Заменик министерот за култура, Владимир Лазовски.

ПРВА НАГРАДА, Оја Заде Абас

No.1

No.2

No.3

No.4

No.5

ВТОРА НАГРАДА, Мартин Трајановски

1. Simplicity

2. The chosen one

3. It's called accessorizing

4. Timeless story

5. When past mets present

ТРЕТА НАГРАДА, Владимир Јакимовски

IMG_20180224_195317_586

IMG_20180313_135029_HDR-02-02

IMG_20180315_170631_502-01

IMG_20180324_102118_742-01-01

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top