Насловна / Вести / Досега најголем изграден православен храм во Македонија

Досега најголем изграден православен храм во Македонија

Православниот храм „Св. Константин и Елена“ се наоѓа во средиштето на најпознатата улица „Македонија“ во строгиот центар на Скопје и истиот во моментот е во завршна фаза на изградба. Овој храм е со бруто-површина од околу 2.000,00 м2 и е досега најголемиот изграден православен храм во Македонија.

Crkva 1_
Храмот го сочинуваат истоимената црква „Св. Константин и Елена“, подрумскиот дел (музеј) како и нејзината камбанарија.
Црквата е со „мешовит“ конструктивен систем и има една главна централна армирано-бетонска купола со дијаметар од 11.00 м, која е со дебелина од 20 см и други 4 помали куполи со дијаметар од 8.00 м и нивна дебелина од 15 см. По висина на црквата, постојат 5 нивоа и тоа: ниво „0“(+0.00м), ниво „1“(+4.26м), ниво „100“(+10.05м), ниво „200“(+15.00м), ниво „300“(+19.95м) и ниво „400“(+25.86м). Најголемата висина на црквата во внатрешноста е 30.00 м.

Crkva_Osnova 1
Конструктивните елементи на црквата ги сочинуваат а.б. столбови со димензии 100/100 см, а.б. платна со дебелини од 15 см, 30 см и 55 см, како и а.б. греди со различни димензии и тоа: 30/100 см, 50/50 см, 30/40 см, 40/60 см, 80/60 см и 100/100 см, а сето ова во зависност од геометриската форма на самата црква. Хоризонталните плочи се со дебелина од 20 см, додека подрумските надворешни ѕидови се изведени како армирано-бетонски со дебелина од 62 см и 80 см, заради овозможено налегнување на камениот дел од фасадните ѕидови. Вертикалната комуникација низ објектот се обезбедува преку коса скалишна плоча која е со дебелина од 20 см.

osnova 2
Под платото на црквата, постои и подрумски дел, кој се предвидува да биде музеј на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, па затоа приземната меѓукатна плоча од црквата е изведена како армирано-бетонска касетирана конструкција со распони 13 х 13 м. Во овој објект, а.б. столбовите се со димензии 30/30 см, а.б. гредите се со димензии 30/40 см и 50/50 см, а.б. плочата е со дебелина од 20 см, додека подрумските ѕидови се со дебелина од 30 см.

Crkva Sv Elena i Konstantin_13.11.2013
Фундирањето на црквата заедно со подрумскиот дел е спроведено на заедничка армирано-бетонска темелна плоча со дебелина од 80 см.
Сите армирано-бетонски конструктивни елементи се проектирани со марка бетон МБ30, додека за арматура е предвидена ребраста арматура, тип РА400/500-2. За целата црква потрошени се 288 тони арматурно железо.
Камбанаријата на црквата, сама по себе, е исто така специфична како конструкција, затоа што нејзините пропорции на базисот (7 х 7 м) во однос на висината (49 м) се 1:7 и истата е доста флексибилна конструкција, подложна на извивање, но и на превртување од хоризонталните земјотресни сили, како и од силите на ветерот.

Crkva_Presek 1
По висина постојат 8 нивоа и тоа: ниво „0“(+0.00 м), ниво „1“(+7.00 м), ниво „100“(+14.00 м), ниво „200“(+21.00 м), ниво „300“(+28.00 м), ниво „400“(+35.00 м), ниво „500“(+42.00 м) и ниво „600“(+49.00 м).
Во статичка смисла, камбанаријата претставува армирано-бетонски масивен конструктивен систем од а.б. ѕидови (платна) со дебелина од 45 см. Таа се одликува исто така и со исклучително сложена геометрија, затоа што во приземјето камбанаријата во основа започнува како квадрат со страни 7 х 7 м, па потоа како се зголемува нејзината висина, овој квадрат преминува во еден неправилен 5-аголник, па потоа во неправилен 6-аголник и 7-аголник, за да финално на кота +43.00 м, таа заврши во еден правилен 8-аголник. Последната кровна плоча е проектирана како а.б. сферна плоча – купола со дебелина од 20 см. Вертикалната комуникација низ објектот се обезбедува преку спирални челични скали околу лифтот, чија пак конструкција на лифтот е челична и истата е во вид на саќе. Фундирањето е изведено со армирано-бетонска темелна плоча со дебелина од 80 см.

20151104_102936
Инаку специфично од конструктивна гледна точка е и тоа што врвот на камбанаријата е оптоварен со товар од едно главно ѕвоно и повеќе помали камбанариски ѕвона со нивна вкупна тежина од 16,5 тони, кое оптоварување од сеизмички аспект познато како „клатно“, претставува најнеповолно можно сценарио за сеизмички хазард на еден објект.

20140911_121646

Автор: Влатко КОЦЕВСКИ, магистер по градежништво

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top