Насловна / Архитектура / Модуларни дрвени станбени објекти во Тулуз

Модуларни дрвени станбени објекти во Тулуз

Tuluz-modularni stanbeni blokovi2

Од 2015 година кога е изграден првиот станбен комплекс по системот на модуларна градба од дрво, значително е подобрен изгледот на „Place des Papyrus“ во северниот дел на Тулуз.

Tulkuz drveni stanbeni blokovi

Компанијата PPA architectures создала 50 едноставни станови кои овозможуваат пристоен животен простор во самиот град, но и интеграција на социјално ранливите категории. Трапезоидната градежна парцела од јужна и западна страна е опкружена со два соседни станбени блокови.

Tuluz-modularni stanbeni blokovi1

Со цел најдобар компромис помеѓу приватноста и сончевата светлина, станбените единици се меѓу себе урамнотежени и благо завртени во различни правци. Резултатот е компактна, сложена конструкција.

Tuluz-modularni stanbeni blokovi4

Фасадите се поделени на пократката страна – една половина е застаклена, а другата затворена. Рамката од ариш и дава на фасадата рафинираност и „чистота“. Обемот на префабрикација подразбира кратко време на изработка – околу два месеци. Вистинското достигнување на архитектите во овој случај, лежи во создавањето модерни урбани простори со добри пропорции, преку просто повторување на системот на градење.

Tuluz-Modularni stanbeni drveni blokovi

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top