Насловна / Архитектура / Модерна елегантна куќа покрај езеро

Модерна елегантна куќа покрај езеро

Оваа куќа се наоѓа покрај езерски брег, па поради климата во опкружувањето таа е речиси транспарентна од двете подолжни страни. Со присуството на голем базен од предната подолжна страна, куќата во целост живее во склоп со околината, па така водата и водните површини се нејзин составен дел. 1-moderna-kuka-pokraj-ezero

Се одликува со прави и елегантни линии, пространи и отворени простори кои пружаат голем комодитет на корисниците во домот. Куќата е целосно обложена во дрво, иако нејзините главни конструктивни елементи се изведени од челик.

2-moderna-kuka-pokraj-ezero

Големите застаклени површини кои овозможуваат целосна транспарентност се така изведени, што постои и можност за нивно целосно собирање на едно место, па така во миговите на убави временски услови оваа куќа е во кохезија со околината и доаѓа до мешање на надворешноста и внатрешноста.

3-moderna-kuka-pokraj-ezero

Модерниот и елегантен мебел целосно се вклопува во сликата на оваа куќа.

4-moderna-kuka-pokraj-ezero

5-moderna-kuka-pokraj-ezero

Испрати коментар

Scroll To Top