Детското столче Casul изгледа како мал трон направен од иверица, но се расклопува за неколку секунди и станува простор за игра. Зад ова паметно парче мебел стои ирски дизајнер, кој освои една од наградите за проектот на изложбата New Designers во Лондон.

Во време кога е сè потешко да се одвојат децата од екранот, едно парче мебел покажува како едноставно и добро дизајнирано решение може да ја стимулира имагинацијата.

Casul е детска столица која, кога е преклопена, изгледа како мал трон, додека само со два потега се претвора во стилизиран замок.
Децата можат да ја користат како тврдина, кафе-бар со еднорози, замокот на Баузер од Супер Марио или кој било друг свет што можат да го замислат во тој момент.

Без упатства за игра
Авторот на проектот, ирскиот дизајнер Џејмс Марфи, го дизајнирал Casul како завршен проект на факултет, со идеја да комбинира дизајн на мебел и детска игра, пишува Dezeen.

Два потега, многу решенија
Најголемиот предизвик бил механизмот за расклопување, бидејќи морало да биде доволно интуитивен за тригодишни деца, но и безбеден за секојдневна употреба.
Затоа, Марфи користел дрвени спојки кои го држат столчето стабилно додека се користи за седење, но дозволуваат панелите лесно да се отворат и да станат ѕидови на замокот.

Специјалните шарки спречуваат малите прсти да се заглават, додека ногарките на столчето се отвораат на страна, така што целото парче функционира како куќичка за кукли.
Кога ќе се расклопи, деловите што нормаинаку го носат седиштето стануваат полици за играчки, фигурички и сè она што детето го вклучува во својата игра.

Паметно решение од едно парче иверица
Casul е доволно тешка за дете да не може лесно да го помести или преврти, но отворите на бочните панели се дизајнирани така што родителите лесно можат да го транспортираат.

Исто така е важно што сите елементи да можат да се исечат на CNC машина од едена иста плоча со дебелина од 15 милиметри, што го прави проектот реален за производство.

Токму оваа комбинација од едноставна форма, функционалност и игра му ја донесе на Марфи наградата Habitat Future Design Award на овогодинешниот New Designers Showcase во Лондон.
Жирито особено нагласило дека проектот мисли на крајниот корисник – детето – од самиот почеток, но не ги заборава родителите, безбедноста и практичноста.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија