Насловна / Вести / Шест работи што никогаш не треба да ги фрлате во тоалет, според експертите

Шест работи што никогаш не треба да ги фрлате во тоалет, според експертите

Колку пати, од навика или практичност, сте фрлиле нешто во тоалетна школка мислејќи дека нема да направи штета? Сепак, она што не го гледате – што се случува внатре во цевки и канализацискиот систем – може да се претвори во сериозен и скап проблем. Според експертите, освен тоалетната хартија, која е специјално направена за брзо разградување во вода, ништо друго не треба да заврши во тоалетната школка.

Еве шест работи што никогаш не треба да ги фрлате во тоалет – дури и ако изгледаат безопасни:

  1. Влажни марамчиња (дури и оние „погодни за тоалет“)

Иако многу производители тврдат дека влажните марамчиња се биоразградливи, повеќето од нив се направени од издржливи влакна кои не се раствораат лесно. Тие се заглавуваат во цевките, формираат затнувачи и создаваат блокади што бараат интервенција на водоводџија – честопати скапа и итна.

  1. Влакна и коса

Косата се однесува како мрежа – ги фаќа другите честички и создава густи наслаги во цевката. Затоа се препорачува да се користат мрежи на одводите во туш кабините и мијалниците. Во WC школката, косата може да придонесе за формирање на тврдокорни затнувања кои со текот на времето стануваат поголем проблем.

  1. Масло и маснотии од храна

Може да изгледа како безопасно решение за истурање на преостанатото масло од тенџерето во WC школката – но тоа е сериозна грешка. Маснотијата, иако е течна при висока температура, се лади и се стврднува во цевките, лепејќи се за ѕидовите и задржува други остатоци. Ова создава затнувачи кои можат да го блокираат целиот систем и да бараат големи поправки.

  1. Лекови

Фрлањето лекови во тоалет школка претставува ризик не само за вашите цевки, туку и за природата. Постројките за третман на отпадни води не можат да ги отстранат сите хемикалии од лековите, па затоа тие завршуваат во реките и водата за пиење, штетејќи и на животната средина и луѓето.

  1. Хемикалии за домаќинство

Сретства како што е варикина, растворувачи и други хемикалии можат да бидат многу штетни за цевководот, особено ако користите септичка јама. Овие супстанции ги кородираат цевките, ги уништуваат корисните бактерии во системот и ги загадуваат подземните води.

  1. Хигиенски производи за жени

Тампоните и влошките не се дизајнирани да се разградуваат во вода – напротив, тие се шират и задржуваат влага, што ги прави идеални за создавање блокади. Тие често остануваат во цевките, се шират и можат да предизвикаат сериозни дефекти што бараат скапи поправки.

Тоалетната школка не е корпа за отпадоци. Сè друго освен тоалетна хартија – без разлика дали е во течна или цврста форма – може да го оштети водоводниот систем на долг рок. Дури и ако нешто се „изгуби“ во одводот во моментот, тоа не значи дека нема да предизвика проблем подоцна. За на здравјето, екологијата и вашиот домашен буџет – бидете повнимателни што фрлате во тоалетот.

Испрати коментар

Scroll To Top