Насловна / Вести / „МКЦ за Скопје“

„МКЦ за Скопје“

Денес (26 јули), во МКЦ со почеток од 20 часот, ќе се одржи настанот „МКЦ за Скопје“, со кој Младинскиот културен центар ја одбележува 53-годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес.mkc-za-skopje

Во рамките на настанот ќе се отвори изложба на фотографии од Бошко Фржоп (Хрватска) „СКОПЈЕ 1963“ – Хронија на една катастрофа, а потоа следува проекција на пет кратки филма на скопските режисери Игор Иванов, Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Ѓорче Ставрески и Марко Ѓоковиќ.

За крај на вечерта концертен настап на групите SIZ, Stuttgart Online и YÖU.

Влезот е бесплатен.

На изложбата на фотографии на Хрватот Фржоп, ќе бидат претставени фотографии кои досега не се објавени во Скопје.
Фотографиите на оваа изложба ги покажуваат последиците на земјотресот низ објективот на фото-аматер, кој од првата плата во Скопје го купил фотоапаратот „Киев“ за да може низ неговиот објектив да ги следи луѓето и обновувањето на Скопје, во изградба на населбите и постепеното враќање на жителите во нормален живот. Поставката претходно е прикажана во Загреб и во Шибеник.
На проекција на петте кратки филмови ќе бидат прикажнани „Бубачки“ 15′ (Иванов), „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“ 15′ (Тозија), „409“ 13′ (Пејовски), „Материјал за аудиција“ 15′ (Ставрески) и „Еклер“ 27′ (Ѓоковиќ).

Испрати коментар

Scroll To Top