Насловна / Арт и дизајн / Митолошка изложба на Аи Веивеи во луксузна стоковна куќа

Митолошка изложба на Аи Веивеи во луксузна стоковна куќа

Луксузниот простор на париската стоковна куќа Le Bon Marché е домаќин на интересна визуелна поставка. Имено, детските игри или на изворен кинески – Er xi, послужиле како инспирација за новата изложба на славниот кинески уметник Аи Веивеи.aiveivei pariz stokovna kuka_6

Скулптури направени од дрво бамбус и папирус инсталирани се во просторот на луксузната стоковна куќа во Париз. Инспирација на уметникот е од фолклорот, басните и бајките, кои повеќе од две илјади години се прераскажуваат на децата во Кина.

aiveivei pariz stokovna kuka_8

 

Со поставените 20 митолошки суштества и ликови кои имаат ефект на фатаморгана, француската стоковна куќа има добиено еден сосема поинаков дух.aiveivei pariz stokovna kuka_7

Аи Веивеи својата изложба ја поделил во три изложбени секции.

Спојувајќи ги античките техники на уметноста и културата на пуштени змејови од хартија во воздух, кинескиот уметник покажа со колкава леснотија ги комбинира природните елементи како што се бамбусот и тенките свилени конци.aiveivei pariz stokovna kuka_5 aiveivei pariz stokovna kuka_4 aiveivei pariz stokovna kuka_3 aiveivei pariz stokovna kuka_2 aiveivei pariz stokovna kuka_1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top