Насловна / Вести / Министерството за култура склучило договор за изработка на основен проект за Конгресниот центар „Александар Македонски – Скопје“

Министерството за култура склучило договор за изработка на основен проект за Конгресниот центар „Александар Македонски – Скопје“

univerzalana sala

Министерството за култура склучило договор за изработка на основен проект за новиот објект Конгресен центар кој треба да се гради на местото на Универзална сала. Договорот е во висина од 24 милиони и 898 илјади денари или околу 405.000 евра.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, Министерството, овој договор го склучило со фирмата за проектирање, градежништво, инженеринг, трговија „Архи груп план А ДООЕЛ Скопје“. Во овој договор спаѓаат архитектонски услуги, инженерски услуги, просторно планирање и уредување на земјиштето и други научни и технички советодавни услуги за технички испитувања и анализа, како што е наведено во договорот.

Универзалната сала во Скопје од јануари 2015 година е преименувана во Јавна установа Конгресен центар „Александар Македонски – Скопје“. Под ова име салата е регистрирана во Централниот регистар.

Новата концертна сала е дизајнирана од архитектите Стојан Павлевски и Иван Симеонов од „Стоун дизајн”. Ќе има голема сала со 2.500 до 3.000 седишта, мала за камерни изведби со околу 300 места и административни простории.

Испрати коментар

Scroll To Top