Насловна / Архитектура / MINIMOD – модуларен мобилен дом

MINIMOD – модуларен мобилен дом

Minimod (7)
Базирајќи се на минимална модулна организација, проектот MINIMOD е репрезент на инвестиција во дизајн, самоодржливост и лесна приспособливост. Структурата е изведена од префабрикувани елементи, челична рамковна конструкција, која му го овозможува комфорот на корисникот да го приспособи просторот во зависност од сопствените потреби, бирајќи помеѓу различни завршни обвивки, како и автоматски инсталации.
Minimod (10) Minimod (8)
Зависно од композицијата и играта на модулите, MINIMOD има можност да варира опслужувајќи разни потреби, од компактна викенд куќичка, изложбен простор, до сегмент од хотелски комплекс… Експанзијата и мултипликацијата на нови модули може да се изведе при иницијалната инсталација на објектот или пак во средната фаза на процесот, во зависност од потребите, барањата и буџетот на клиентот.
Minimod (6)
Проектот MINIMOD претставува многу повеќе од обичен дизајн продукт како уникатно искуство на домувањето и современото практично и комфорно живеење.
Minimod (1)

Испрати коментар

Scroll To Top