Насловна / Арт и дизајн / Мини-вила за кучиња

Мини-вила за кучиња

samsung kukarki za kucinja (2)

Светскиот бренд „Самсунг“ не е име кое обично е поврзано со домашните миленици, но нивната британска филијала одлучи да се претстави со нешто сосема различно.

Тие се здружиле со компанијата Crufts, светски познатата изложба за кучиња, па по тој повод создале неверојатно луксузни соби за кучиња, кои се нарекуваат Dream Doghouse. Формирани од страна на тимот составен од 12 дизајнери, меѓу нив е и еден архитект, овие куќарки се вистински мини-вили, кои се поделени во три главни простори – две соби за релаксација, забава и храна, покрај отворениот простор за уживање. samsung kukarki za kucinja (3)

Исто така, тука е и Astroturf лента за трчање, така што куќарката овозможува доволно физичка активност секој ден. За оние кучиња кои сакаат дополнително да се релаксираат и да уживаат, постои и џакузи. Се разбира, бидејќи ова е дело на брендот „Самсунг“ на ѕидот е сместен Galaxy Tab S, иако мислиме дека тој е наменет повеќе за сопствениците отколку за домашните миленици.

samsung kukarki za kucinja (4)

Цената на оваа куќарка од соништата за кучиња е околу 30 илјади долари, а ќе биде официјално претставена на изложбата Crufts оваа година во Бирмингем.samsung kukarki za kucinja

Испрати коментар

Scroll To Top