Насловна / Арт и дизајн / Мини изложба на „Луј Витон“ на саемот Design Miami

Мини изложба на „Луј Витон“ на саемот Design Miami

majami luj viton (7)

Во рамките на меѓународниот саем Design Miami, модната куќа „Луј Витон“ постави мала изложба Objets Nomads – колекција на декоративни елементи за домашна декорација која премиерно била на овогодинешниот Salone del Mobile во Милано.

majami luj viton (6)

Убавата колекција, ја раскажува приказната за патувањето како животно искуство и го испитува начинот на кој комуницира дизајнот со изработката.majami luj viton (5)

Во колекцијата Objets Nomades, освен лежалки за гостински соби, ламби, столици, висечки столици за опуштање и нишалки, свое место има и новата кожна фотелја на расклопување во боја на коњак и тиркизно сино, која е инспирирана од плажите на Мајами и потпишана од страна на холандскиот дизајнер Marcel Wanders.majami luj viton majami luj viton (3)

„Таа не е креирана само за Мајами – може да отпатува каде било, но сепак, јас не би ја очекувал во некое ски одморалиште“, изјави Wanders. „Тоа е парче кое сакате да го однесете во пријатна и топла клима, на сонце каде го пиеме нашето мартини“.

majami luj viton (2)

Испрати коментар

Scroll To Top