Насловна / Вести / Микропластиката може да патува низ воздухот и до 100km

Микропластиката може да патува низ воздухот и до 100km

Честичките од пластика можат да патуваат и до стотина километри од нивниот извор. Ова е заклучок на научници, откако откриле микропластика на високи планински врвови, како на пример на Пиринеите. Од претходно е познато дека микропластиката доспева до океаните патувајќи низ реките, но новото истражување упатува на фактот дека микрпластичниот отпад се пренесува и преку атмосферата, што значи дека таа е присутна и во воздухот кој го дишеме. Микропластика е заедничкото име за ситни парчиња пластичен отпад, како на пример микровлакната од облекаата или микрогрнули кои ја загдувт околината. Претставува огромна закана за морската флора и фауна, а пронајдени се во реките, морињата, океаните, дури и во арктичките предели.

Главниот вид пластика во прашината кој пѓа на земјата е полистиренот. Се користи во амбалажата и не успева во целост да се рециклира. Втората опасн микропластика е полиетилен кој се користи за производство на пластични кеси и шишиња.

Членовите на истражувачкиот тим во неколку наврати собирале примероци од сув и влажен атмосферски отпад на Пиринеите, притоа секојдневно мерејќи ги критичните параметри за потребите на студијата која е објавена во часописот Nature Geoscience. Притоа утврдиле дека микропластиката патувала преку атмосферата и по стотина километри од изворот на загадување. Тие велат дек концентрциите на микропластика „биле споредливи со концентрациите во урбаните средини, поточно во густо населените области на Париз на пример“.

На почетокот на годинава, ЕУ најави планови за забрана на употреба на 90% од микропластиката која обично се додава во разни производи. Целта на овој потег е намалување на пластичниот отпад од микропластика за 400.000 тони во наредните 20 години.

pyrenees

Products Containing Microbeads

micro2

micro3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top