Насловна / Архитектура / Mercedes – Benz арената е првиот LEED Platinum сертифициран стадион во САД

Mercedes – Benz арената е првиот LEED Platinum сертифициран стадион во САД

Стадионот Mercedes -Benz  и официјално стана првиот LEED (Leadership in Energz and Environmental Design) Platinum сертифициран стадион во САД. Новиот дом на тимот на Atlanta Falcons, од NFL (Националната фудбалска лига), е дело на архитектите од HOK, и доби 88 бодови при оценувањето за сертификацијата.

Benz 2

Benz 6

Benz 5

Највпечатливиот дел од овој стадион е секако уникатниот подвижен покрив. Во целина, оваа арена е извонреден пример за одржлива градба и иновативност во перформансите. Проектот овозможува заштеда на вода и енергија во значителни количини. Имено, стадионот користи 47% помалку вода отколку што тоа е случај со основните стандарди, како и модерен систем за собирање на дождовницата. Огромниот зелен простор околу стадионот, овозможува организирање на бројни настани во деновите кога не се играат натпревари. Електричната енергија за стадионот се обезбедува преку 4.000 фотоволтаици.

Benz 3

Дури и посетителите на стадионот имаат можност да се грижат за одржливиот развој, бидејќи имаат на располагање 48 станици за полнење на електрични автомобили, паркинг за велосипеди и други содржини.

Испрати коментар

Scroll To Top