Насловна / Вести / Меѓународна агенција за енергетика: Инвестициите во енергетиката во опаѓање

Меѓународна агенција за енергетика: Инвестициите во енергетиката во опаѓање

Investicii vo energetika

Инестициите во енергетскиот сектор, вклучувајќи ги и оние во обновливи извори, и натаму бележат пад, првенствено поради ниските цени на нафтата, истакнува Меѓународната агенција за енергетика (International Energy Agency – IEA). Цената на нафтата Брент во овој период е за 15% пониска во однос на истиот период лани, а дури за 54% пониска во споредба со 2014=та. Поради тоа енергетските компании останаа без доволно средства за инвестиции во истражувачки, развојни и производствени проекти.

Nafta investicii ilustracija

Во извештајот се наведува дека и покрај благото опоравување на цената на нафтата, не треба да се очекуваат значајни инвестиции ниту во 2017 година. Покрај тоа, IEA истакнува дека ниските цени на нафтата а соодветно на тоа и на горивата, ги поттикнувале купувачите да се определат за големи и енергетски растрошни автомобили, па во САД продажбата на спортски теренци пораснала за 2,5 пати, а во Кина дури за четири пати повеќе во однос на малите штедливи автомобили.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top