Насловна / Вести / Меѓународен саем за прозорци, врати и стакло „Тујап“ во Истанбул

Меѓународен саем за прозорци, врати и стакло „Тујап“ во Истанбул

Во периодот од 9 до 11 март во Истанбул, Турција, се одржа еден од најпосетуваните и најинтересните меѓународни саеми за прозорци, врати и стакло, во организација на „Тујап“. Саемот беше поделен на три дела, и тоа саем за врати: „Door expo Istanbul“, саем за прозорци „Istanbul window fair“, и саем за стакло „Glass expo Istanbul“.saem za prozorci i vrati istanbul 2016_07

На саемот зедоа учество голем број компании од разни делови на светот. Околу 300 компании од областа на производство и трговија на прозорци, 300 компании од областа на стакло и околу 100 компании кои се занимаваат со производство и трговија со врати и елементи кои се поврзани со овие области.saem za prozorci i vrati istanbul 2016_03

Меѓу многуте познати компании кои се претставија на овој саем се германските компании: Артифекс Д-р Лохман, Боле Зилбершнит, Ферро, Хеленек и други, италијанските лидери од оваа сфера како Хелиос Италкварц, Иммес, Иоко, Италматик, Италмоле.., но и голем број водечки турски компании како: Хиз Јајинчилик, Лисец Турција, како и нивните австриски партнери Лисец Австрија и многу други компании.saem za prozorci i vrati istanbul 2016_04

Исто така, на овој саем посетители беа и претставниците на околу 30 македонски компании кои се од областа на производство и трговија со врати, прозорци, стакло и елементи и машини кои се дел од оваа индустрија, каде имаа одлична шанса да видат што е најново во овој бизнис, и имаа можност да остварат контакти со голем број врвни компании од оваа сфера.saem za prozorci i vrati istanbul 2016_01

Со свој штанд се претстави и нашето списание „Порта3“, во десеттата хала на саемот, кој беше групиран со повеќе списанија, од кои повеќето беа специјализирани за прозорци и врати, но и за останати индустриски гранки.

Нашето списание наиде на одличен интерес кај посетителите, особено кај оние што го разбираат кириличното писмо, но исто така, и останатите посетители од различни земји пројавија интерес за него и добија информации околу неговите содржини.

saem za prozorci i vrati istanbul 2016_05

Од медиумите специјализирани за оваа индустриска гранка од нашите соседи, на саемот беа присутни српските списанија „Индустрија“ и „Прозорци и врати“ како и хрватското издание на „Прозорци и врати“, но и турските списанија „Пенџере ираниан“ и „Кариер медја“ и германскиот магазин „Арабиан Герман“.

Саемските штандови беа полни со интересни и иновативни материјали и техники на производство на прозорци, врати и стакло, можеа да се видат најразлични машини за оваа индустрија, како и за сечење и гравирање на стакло, разни ПВЦ и алуминиумски профили со висок квалитет, економичност и енергетска ефикасност.saem za prozorci i vrati istanbul 2016_06

Како еден од најкористените и енергетски најефикасните системи, кој е впрочем и нов на македонскиот пазар, е системот „Интернова 6000“, кој се користи за производство на прозорци и врати, и е соодветен за реновирани или новоизградени објекти. Станува збор за шесткоморен ПВЦ профил кој има градежна длабочина од 80 мм во крилото и 90 мм длабочина во рамката. Системот е со три дихтунзи. Овие системи се изработени по германските DIN стандарди, што значи дека се со висок квалитет и високи перформанси.saem za prozorci i vrati istanbul 2016_08

Саемската организација „Тујап“, која организира повеќе видови на саеми е со импресивни бројки зад своето име, па така, тие постојат веќе 36 години и успеале до сега успешно да организираат повеќе од 1.600 саеми на кои учествувале околу 270 илјади компании од 177 земји од целиот свет, а овие саеми ги посетиле повеќе од 45 милиони посетители.  Престижот да се учествува на саем во организација на „Тујап“ е евидентен, а исто така, тука е и можноста за остварување на контакти со бизнис елитата од целиот свет.saem za prozorci i vrati istanbul 2016_09 saem za prozorci i vrati istanbul 2016_10 saem za prozorci i vrati istanbul 2016_11

Испрати коментар

Scroll To Top