Насловна / Арт и дизајн / Mашината за пишување како уметничка алатка

Mашината за пишување како уметничка алатка

уметност со машина за пишување_1
Уметникот Pablo Gamboa Santos се откажал од четка и се свртел кон една необична алатка за својата уметност – машината за пишување. Тој реализирал серија интересни илустрации во кои се создава интеракција помеѓу ликовите и пејзажите направени од буквите на машината за пишување во проектот наречен QWERTY.

уметност со машина за пишување_2

Буквите градираат од темни до светли и се поставени како долг хоризонт за креирање на неговите едноставни илустрации.

уметност со машина за пишување_3 уметност со машина за пишување_5 уметност со машина за пишување_4 уметност со машина за пишување_6

Кога за првпат ги изложил своите работи во Центарот за современа уметност во градот Quito, во Еквадор, уметникот ги распоредил во долга линија по галериските ѕидови, спојувајќи ги еднододруго и создавајќи „една“ слика во собата. Намерата му била набљудувачите без прекин да се движат низ целата приказна.

Испрати коментар

Scroll To Top