Насловна / Вести / Мароко доби награда од ОН за инвестирање во обновливи извори на енергија

Мароко доби награда од ОН за инвестирање во обновливи извори на енергија

Maroko obnovlivi izvori

Мароко ја доби престижната награда на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD), за 2015 година за промовирање на инвестициите и за политиките во однос на обновливите извори на енергија. Наградата, која инаку се доделува секоја година, ги промовира инвестиционите политики кои покажале најдобри резултати и силно го поттикнуваат одржливиот развој, овој пат е доделена на церемонија организирана во Лозана. Мароко има амбициозни планови во врска со енергетскиот микс до 2020 година, кој предвидува учество на обновливите енергетски извори од 42% (главно соларна енергија и енергија од ветерот).

Во поглед на директните странски инвестиции, Мароко е неприкосновен во последните години со над 3,6 милијарди долари директни странски инвестиции во различни сектори, меѓу кои особено се истакнува енергетскиот сектор.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top