Mario Luca Giusti е роден во Фиренца во културно богата средина полна со стимулации. Уште од раното детство бил воведен во убавината и набљудувањето и затоа го започнал своето естетско истражување за хармонија, имплементирајќи ја својата љубов кон антиката со својата страст кон модерното, раѓајќи освежителни нови форми и бои.

Тој носи совршената доза на празнична елеганција преку колекции дизајнирани да внесат шарм, практичност и препознатлива естетика на брендот во секој дом…
Овој Божиќ, спојот на кристална естетика, неочекувани мотиви и функционален дизајн доаѓаат до израз преку сосема нови парчиња кои го слават стилот, традицијата и играта на светлината.

Peter
Во центарот на понудата на Mario Luca Giusti е Peter, ниска чаша со широка форма и ребреста текстура, идеална за сервирање пијалоци „on the rocks“ („на мраз“). Робусна и елегантна во исто време, совршено се вклопува во рака и е достапна во шест препознатливи бои: тиркизна, кралска сина, рубин црвена, килибарно златна, зелена и проѕирна. Peter е создаден за секој што сака да го подигне својот коктел момент на повисоко ниво со допир на италијански гламур.

Peter
Од длабока љубов кон животните, особено кон мачките, се родила разиграната Cats колекција садови. Сетот вклучува длабока чинија, средна чинија и чинија за овошје – секоја насликана со мотиви инспирирани од стари детски приказни пронајдени во семејни книги од 1700-тите. Три мали авантури – Воз, Скијање и Веспа – го претвораат оброкот во шарено, носталгично искуство кое ги комбинира имагинацијата и функционалноста.

Cats
Колекцијата Villa Fasola, инспирирана од попладневните чајанки во старата семејна куќа во Фиренца, сега се проширува со Magiс, новата „супер шолја“. Оваа шолја со интегрирана тацна е достапна во шест нијанси – портокалова, бела, боја на слонова коска, сина, црвена и тиркизна. Создадена е за уживање во топло чоколадо или чаеви, особено кога сакате да легнете на софата без страв дека ќе истурите нешто.

Villa Fasola
Елегантните линии на gobleta Italia се споени со истоимената чинија за салата – омаж на кристалните садови на италијанското кралско семејство. Ова парче ја носи атмосферата од почетокот на дваесеттиот век, а доаѓа во три класични нијанси: сина, темно зелена и рубин црвена.

За крај, тука е и Biancaneve, достапна во златна, црвена и зелена боја. Овој мал, но разновиден додаток може да послужи како држач за јајца или чаша за ликер – совршен празничен детаљ што комбинира практичност и декорација.
Mario Luca Giusti и овој Божиќ, носи колекции што комбинираат историја, дизајн и секојдневна употребливост – парчиња што внесуваат топлина, боја и италијански дух на празничната трпеза.

Biancaneve
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија