Насловна / Вести / Првата енергетска заедница во Грција предвoдена од локална самоуправа, започнува со работа во престолнината на јагленот – Кожани

Првата енергетска заедница во Грција предвoдена од локална самоуправа, започнува со работа во престолнината на јагленот – Кожани

Градот Кожани во северна Грција, седиште на индустријата на јаглен во оваа земја, бара изведувач за седум фотонапонски системи од вкупно 7MW. Општината образложила дека тие електрани ќе ги снабдуваат со енергија нивните згради, јавно осветлување, пумпи и сл., во склоп на првата енергетска заедница во земјата предводена од страна на локалната самоуправа. Планираните постројки кои би работеле по механизмот на virtual net metering, ќе бидат наменети и за борба против енергетската сиромаштија.

Енергетски заедници има насекаде низ Грција, но со нив доминира приватниот капитал. Оваа концепција може да биде многу корисна за локалните самоуправи во регионите на јаглен, каде забрзано се спроведува декарбонизација и се воведуваат најсовремени технологии. Затворањето на работните места и недостатокот на вештини тешко ја погодуваат заедницата во таквите подрачја. Меѓу нив е и Кожани, „главен град“ на преостанатите грчки рудници на јаглен и термоелектрани кои го користат тоа гориво.

SONY DSC

Во областа на Кожани веќе работат некои од најголемите фотонапонски постројки во Грција, а огромни проекти се во развој.

Испрати коментар

Scroll To Top