Насловна / Вести / „Малата балерина“ на Дега на аукција во „Сотеби“

„Малата балерина“ на Дега на аукција во „Сотеби“

balerina dega (2)

Скулптурата „Малата балерина“ на Едгар Дега ќе се продава на аукција во „Сотеби“. Станува збор за една од ретките одливки во бронза на ова дело од Дега што се наоѓаат во приватни колекции. Најголемиот дел од нив е изложен во музеи, како во галеријата „Тејт“ во Лондон и во Музејот на уметноста во Филаделфија.balerina dega
– Станува збор за една од најзначајните и најпознати скулптури на Дега. Ова амбициозно и иновативно дело претставува врв во скулптурската виртуозност на Дега, а најавената аукција ќе им даде исклучителна шанса на купувачите да ја збогатат својата колекција со една од иконите на импресионизмот – вели Хелена Њуман од аукциската куќа „Сотеби“.
Скулптурата на балерина со сатенска лента и здолниште од крут тул, за која на Дега му позираше младата Белгијка Мари ван Гетем, оригинално е направена од обоен восок.balerina dega (3)
Била изложена само еднаш за време на животот на уметникот, во 1881 година, и тогаш наишла на остри критики, бидејќи се сметало дека девојчето е прикажано на „бестијален начин“, како мајмун на чие лице може да се прочитаат сите пороци.
По смртта на Дега, неговите наследници излеаја 28 скулптури во бронзи.
Едгар Дега (1834-1917 г.) е француски сликар, графичар, вајар и фотограф. Тој беше еден од основачите на импресионизмот, иако одбиваше своите дела да ги смести во рамката на овој уметнички правец.

Испрати коментар

Scroll To Top