Насловна / Вести / Македонската железница со нови товарни вагони

Македонската железница со нови товарни вагони

makedonski zeleznici
Железницата до крајот на јули годинава ќе ги добие првите 75 нови товарни вагони, најави денеска премиерот Никола Груевски.

„Владата преку проект на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) нарача два типа на вагони. Првите се 150 товарни вагони од кои 75 затворени и 75 плато вагони. За нив лани во декември е склучен договор и првите вагони треба да стигнат во јули, а сите до декември годинава“, изјави денес премиерот Груевски во Скопје.

Инвестицијата во делот на товарните вагони, како што истакна, изнесува 13,2 милиони евра.

„Втората група на вагоните се во делот на патничкиот сообраќај каде набавуваме шест композиции составени од локомотива и вагони за по 1.200 патници. Од нив четири се со дизел локомотиви, а две на електричен погон во вредност од околу 24 милиони евра. Постапката за набавка е во тек и се одвива преку ЕБОР со која ја заокруживме финансиската конструкција“, рече Груевски.

Тој посочи дека во март годинава се планира да се склучи договор со компанија која би ги произвела и доставила шесте нови композиции за околу 18 месеци.

„Со тоа ќе се замени околу 60 отсто од возниот парк на патничкиот железнички сообраќај во Македонија. Ова е инвестиција која долго време не беше направена во Македонија“, нагласи Груевски.

Испрати коментар

Scroll To Top