По Втората светска војна Македонија пoминала низ период на брза индустријализација. Од 7,371 лица вработени во индустрискиот сектор во предвоенипт период, бројките пораснале на 13,634 во 1947 година, 20,540 во 1950, 36,653 во 1956, и 53,959 во 1960 година.
Фабриката за преработка на памук „Македонка“ заедно со производителот на волнени произоди „Тодор Чиповски Мерџан (Тетекс)“ од Тетово и фабриката за свила „Нонача Камишова“ од Велес, беиле сметани за темел на равојот на македонската текстилна индустрија.
„Памучна Индустрија Македонка“ била формално основана во 1950 година. Врз основа на деловниот план на инженерпт Павел Домицељ од фирмата Текстил Пројект со седиште во Словенија, во јули 1950 година на празна ливада позната како „Ежова полјана“ во близина на патот Штип – Кочани заочнала изградбата на колосалниот објект.

Изградбата завршила во април 1952 година кога започнало производството на текстилни предива во предилница со 120 вработени. Повеќето машини биле нови, купени од фирмата Platt со седиште во Обединетото Кралство.
Комплексот бил проектиран за да ги задоволи сите потреби на вработените. Покрај производниот дел имало и гардероби со тушеви, реторан, продавници, амбуланта, лаборатории и административни простории. Во тој период „Македонка“ била една од најголемите и најмодерни фабрики во СФР Југославија.
БДП на „Македонка“ изнесувал 40% од штипскиот регион, а 54% од индустријата на истиот регион. Една година подоцна, во 1955, уделот на фабриката во БДП изнесувал 65% и 80% од БДП на индустријата на регионот.
Ресторанот во „Македонка“ служел еден бесплатен оброк на ден за вработените, комплексот вклучувал три дисконт продавници и една библиотека.
За потребите на нејзините работници фабриката дополнително изградила комплекс станбени згради, така во 1962 година „Македонка“ поседувала 171 двособни станови и 120 еднособни апартмани. „Македонка“ давала кредит без камата на децата на вработените кои студирале. Кредити имало и за други цели.

Од 1970 година, „Македонка“ имала свој камп на брегот на Охридското Езеро, летувалиште на Пљачковица и хотел на Дојранското Езеро, кои работниците можеле да ги користат за годишни одмори, плаќајќи симболични цени.
Во раните фази „Македонка“ имала недостиг на образован кадар. Во 1955 година кога фабриката имала вкупно 1.224 работници само 14 биле високо-квалификувани.
Така за потребите на фабриката биле отворени Индустриско-техничкото училиште во 1954 година и Текстилното – техничко училиште во 1955 година. Во 1960 година овие училишта биле затворени; на нивно место бил отворен Училишен центар за образование на кадри од текстилната индустрија.
Исто така во рамките на Работничкиот универзитет биле организирани специјализирани технички курсеви за образување на работници.
Развојот на фирмата не бил обележан само со нејзино физичко зголемување туку и со воведување на нов тип производни линии. Во 1955 година била додадена ткајачница, а во 1957 година облагородилницата, додека во 1957 година бил додаден и друг оддел, „вигоњ предилницата“- (еден вид предилница). Така, фирмата од предилница израснала во фирма за преработка на памучни ткаенини.

„Македонка“ произведувала три разни видови на производи: предиво, сирова ткаенина и готови производи. Одделението за дизајн се развило така што во 1971 година биле направени 400 различни дезени и дизајни. Во 1983 година „Македонка“ изградила фабрика за производство на фармерки и купила од САД лиценца за производство на Wrangler.
„Македонка“ профитирала затоа што памук се одгледувал во штипскиот регион и насекаде низ земјата. Во времето на Југославија само Македонија задоволувала 90% од потребата за памук во федерацијата. Производството на памук го доживеало својот врв во раните 70ти.
Важноста на оваа фабрика била толку голема што Јосип Броз – Тито ја посетил во мај 1959 година. Производите на фабриката се продавале насекаде низ поранешна Југославија и биле изложувани на индустриски саеми во Загреб и Лесковац.
Уште во 1957 година фабриката почнала со извезување. Во 1959 година извезла половина од своето производство. Околу 30% од извезените производи биле продадени во Бурма, а 19% во Западна Германија. Додека во раните 70ти нејзиниот извоз вредел повеќе од 3 милиони американски долари. Во 1983 година „Македонка“ извезла 3.5 милиони долари.
Во 1979 година таа вработувала 4.300 луѓе и произведувала 19 милиони метри сирова ткаенина и 17 милиони метри завршни ткаенини.
Најголем број на работници во „Македонка“ бил регистриран во 1987 година, 5900. Оттогаш бројот постојано се намалувал, сé до ликвидацијата на фабриката во 2001 година.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија